Џеси Лингард постигна фантастичен гол за победа против Сандерленд

  • во

Џеси Лингард на последниот натпревар постигна фантастичен гол со кој му донесе победа на У21 тимот.

Оваа сезона како и претходната У21 Премиер лигата е лошо организирана и има голема пауза помеѓу натпреварите кои се играат. Поради овој факт се повеќе тимовите се решаваат да ги пратат играчите на позајмица отколку да тие да играат за У21 тимовите. Се најавува од следната сезона нов начин на лигата која би го носела името У23 лига но за тоа повеќе кога ќе имаме официјални информации.

Тоа што нас не засега оваа сезона е одбрана на титулата а за тоа се зголемуваат надежите бидејќи играчите играат се подобро. На претпоследниот натпревар тие издвојуваа победа над Вест Хем а натпреварот се играше на Олд Трафорд. На овој натпревар голови постигнаа Мајкл Кин и Андреас Переира за победа од 2 – 1, голот на Белгиецот беше едно ремек дело кое имате можност да го погледнете на следното видео (4.21).

 

Во понеделникот ги одмеривме силите со Сандерленд и успеавме да оствариме уште една победа. Џеси Лингард го постигна единствениот гол на натпреварот иако нашиот тим имаше и други шанси за гол преку кои можеше да стави точка на натпреврот. Давиде Петручи ја погоди пречката но во последните 10 минути и Сандерленд имаше шанса да го израмни резултатот кога од слободен удар ја погодија пречката.

Лингард постигна гол откако играчите на Сандерленд згрешија во подавање и тој од надвор од шеснаесетникот стрелаше прецизно со што му донесе победа на тимот.

XI: Кастро Переира, Варела, Кин, Блекет, Џејмс, Пирсон, Ротвел, Јанко (Вилсон 72′), Петручи, Лингард и Переира (Раули 82′).

Во следните неколку видеа имате можност да погледнете како одиграа Мајкл Кин, Давиде Петручи и Андреас Переира на последниот натпревар.

 

Со оваа победа сега тимот се наоѓа на 7 – та позиција на табелата со ист број на бодови (25) како и петтопласираниот тим но тие имаат подобра гол разлика. Фулам е прв на табелата со 6 бода повеќе од нашиот тим но со една победа У21 можат и до втората позиција на табелата бидејќи тие заостануваат само 3 бода. Да потсетиме дека само првите четири екипи на табелата ќе се борат за титулата бидејќи тие одат во 1/2 финалињата.

Џеси Лингард по овој натпревар замина на позајмица но за тоа ќе имате можност да прочитате подоцна во посебна статија.

Повторно има пауза од подолг период до следниот натпревар, следен противник е Вулверхемптон и мечот се игра на 10 – ти март на гостински терен.

Коментари

коментари