Џеси Лингард го постигна својот прв гол за Брајтон

Младиот Англичанец го постигна својот прв гол за Брајтон и станува клучен играч за овој тим, надежите тие да се пласираат во Премиер Лигата ќе зависат од формата на нашиот Лингард. Прочитајте и за останатите играчи кои се на позајмица.

Џеси Лингард конечно го постигна својот прв гол за Брајтон и тоа против најдобриот тим од Чемпионшип кој се пласираше во Премиер Лигата, Лестер. Минатиот вторник тој го постигна вториот погодок за Брајтон таа вечер во победата од 1 – 4 над Лестер. Со тоа Џеси потсети дека освен тоа што може да асистира знае и да постигнува погодоци.

Но како што знаеме кога Лингард ќе го постигне првиот гол потоа не може да престане да погодува, така беше и овојпат бидејќи веќе на следниот меч со Чарлтон постигна уште еден гол. Тој на овој меч забележа и една асистенција. Со оваа победа моментално Брајтон се наоѓа во плејоф зоната  и од нив се очекува да останат помеѓу првите шест екипи до крајот на сезоната.

Том Торп и Федерико Македа го одиграа целиот меч за Бирмингем додека Тајлер Блекет не беше ни на клупата за резерви. Сините на овој натпревар против Мидлзборо загубија со 3 – 1 и тие се наоѓаат на 18 – та позиција на табелата со што се оддалечени само три бода од опасната зона.

Ник Пауел влезе од клупата за резерви на мечот против Милвол на кој за жал Виган загуби со 0 – 1 но тие остануваат во плејоф зоната на 5 – то место со еден меч помалку од своите конкуренти. За време на викендот Пауел повторно влезе од клупата за резерви против Арсенал и имаше шанса да го реши тимот од Лондон но за жал неговиот шут не беше прецизен и заврши покрај голот. По изведувањето на пеналите Виган беше елиминиран од ФА купот и тие нема да имаат шанса да го одбранат трофејот.

Сем Џонстон е редовен за Донкастер и тој играше на мечевите против Болтон и Ипсвич кои неговиот тим ги загуби со идентичен резултат 2 – 1, Донкастер ја дели 18 – та позиција на табелата со Бирмингем.

Том Лоренс ги одигра целите натпревари за Јеовил против Чарлтон и Брнмут, тие на првиот меч против Чарлтон загубија со 3 – 2 додека ремизираа 1 – 1 со Брнмут. По овие мечеви Јеовил се наоѓа во многу тешка ситуација бидејќи моментално се на претпоследната позиција на табелата во Чемпионшип.

Мајкл Кин и Вил Кин играа еден против друг и поуспешен беше Мајкл бидејќи Блекбурн победи со 2 – 0. Вил Кин на овој меч беше блиску до постигнување на својот прв гол за КПР но ја погоди само стативата. За време на викендот Мајкл повторно беше стартер за Блекбурн против Шефилд Венздеј и тоа беше меч кој мораше го добијат Роверси. Тие имаа водство од 1 – 3 но на крајот мечот заврши 3 – 3. На овој меч гол постигна и Мајкл Кин. Блекбурн се надева дека до крајот на сезоната ќе се избори за влез во плејоф зоната, тие моментално се наоѓаат на 10 – та позиција и заостануваат четири бода зад 6 – та позиција.

Вил Кин на последниот меч на КПР против Нотингем Форест остана на клупата за резерви, тие победија со 5 – 2 и се наоѓаат на 4 – та позиција во Чемпионшип.

Вилфрид Заха влезе од клупата за резерви за Кардиф во победата на тимот на Солскер против Саутемптон. Заха одигра солидно и имаше една фантастична шанса за гол, со вакви настапи има иднина за него во нашиот клуб. Ова е многу важна победа за Кардиф бидејќи сега тие драстично си ги зголемија шансите за опстанок и само со три бода можат да ја остварат целта.

Џек Бармби забележа една асистенција за Хартлпул во четвртата англиска лига на мечот против Честерфилд но неговиот тим загуби откако Честерфилд направи пресврт и го доби мечот со 2 – 1. По овој пораз Хартлпул се наоѓа во опасната зона.

Сем Брн остана на клупата за резерви на мечот помеѓу неговиот Карлајл и Престон каде домаќините Престон забележаа победа со 6 – 1. Карлајл по лошата серија резултати е сè поблиску до опасната зона но во третата англиска лига.

Анџело Енрикез конечно после два месеци се врати на терените, тој влезе од клупата за резерви на мечот на Сарагоса против Нумансија. Сарагоса ремизираше 2 – 2 и се наоѓа на делба на 12 – та позиција токму со Нумансија но најважно е тоа што Енрикез конечно се врати на терените, тој вчера го прослави својот 20 – ти роденден.

Марник Вермајл продолжува со настапите за НЕЦ и го одигра целиот меч против АЗ Алкмар. НЕЦ одигра нерешено и тие се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата во Холандија.

Бебе денеска ќе одигра меч за Пакош Фереира против Ешторил додека Андерсон вчера остана на клупата за резерви на мечот помеѓу Верона и Фиорентина.

По подолг период има пауза до викендот во Чемпионшип и нема мечеви во текот на оваа недела. Тоа треба да го искористат тимовите како подготовка за последните мечеви и за крајниот епилог од оваа сезона.

Коментари

коментари