Џек Бармби постигна фантастичен гол на дебито за Хартлпул

Младиот играч кој замина пред само неколку дена на позајмица постигна гол на дебито за својот тим.

Младиот 19 годишен играч пред само неколку дена замина на позајмица и тој на дебито за Хартлпул постигна одличен гол. Тој влезе од клупата за резерви и постигна одличен гол.

 

Тој постигна гол со удар од надвор од шеснаесетникот за победата од 2 – 0. Се надеваме дека е ова само почетокот за Бармби и најдоброто допрва ќе следи, со оваа победа тие се искачуваат на 14 – то место на табелата.

Ник Пауел за Виган влезе од клупата за резерви во 74 – та минута и им помогна да се пласираат во следното коло од ФА купот. Да се потсетиме дека Пауел е најзаслужен зошто Виган се уште е во ова натпреварување.

Тимот на Ипсвич ја оствари првата победа во 2014 – та година, тие го победија тимот на Ридинг и се искачија на 7 – та позиција на табелата со што сега се на само еден бод од местата кои водат до битка за влез во Премиер лигата. Тоа што нас не интересира е дека Рајан Таниклиф го одигра целиот натпревар и тоа беше вкупно 28 – ми меч за него сезонава.

Мајкл Кин остана на клупата за резерви за тимот на Дерби во ремито со Блекбурн на гостински терен.

Минатата недела во купот Вермајл беше клучен играч за НЕЦ. Тој го постигна единствениот гол за тимот во победата над Утрехт и тие се пласираа во 1/2 финалето. Ова е 4 – ти гол за белгиецот на последните 7 меча. Голот можете да го погледнете тука.

Овој викенд Марник Вермајл играше против поранешниот тим на Александар Битнер, Витезе. Тие успеаа да направат изненадување и одиграа нерешено кај второпласираниот тим. И покрај овој резултат НЕЦ останува на дното на табелата. Вермајл го одигра целиот натпревар на десната бековска позиција.

Кога беше запрашан Вермајл пред одреден период за Манчестер Јунајтед тој кажа дека е во постојан контакт со клубот и се надева дека следната сезона ќе добие шанса со оглед на тоа дека Рафаел е единствениот десен бек во клубот.

Анџело Енрикез не настапи за Реал Сарагоса бидејќи тие добија црвен картон и мораше да се бранат, мечот против Мирандеш заврши 0 – 1 во корист на Сарагоса. Реал Сарагоса се наоѓа на 4 – то место и е оддалечена само 4 бода од врвот на табелата.

Андерсон го имаше своето деби за тимот на Фиорентина и тој влезе од клупата за резерви во мечот кој заврши 3 – 3 со екипата на Џенова. Тимот на Фиорентина пропушти шанса да се доближи до врвот на табелата и останува на 4 – та позиција на табелата.

Бебе го одигра целиот меч за Фереира во купот против Виториа Сетубал. Тој бил асистент за првиот гол на својот тим и Фереира победила со 2 – 0. Но покрај останатите резултати оваа победа не била доволна за пласман во 1/2 финалето. Во секој случај Бебе продолжува да прикажува сосема солидни игри во Португалија.

Коментари

коментари