Џејмс Вилсон уште еднаш покажа дека се работи за неверојатен играч во победата над Астон Вила

На вчерашниот натпревар У21 успеаја да остварат победа над Астон Вила со 3 – 0 а притоа Џони Еванс се врати на терените и е сè полиску до враќање на мечевите за првиот тим.

Од нашето последно издание за натпреварите на У21 тимот помина подолг период а оттогаш тие одиграа неколку мечеви на кои не забележаа добри резултати. Причината за овие резултати е пред сè тоа што Џејмс Вилсон беше повреден и во тимот немаше класичен напаѓач па Андреас Переира играше во нападот како лажна 9 – ка, нешто што го правеше Јанузај минатата година.

Вчера игравме дуел со Астон Вила на Олд Трафорд кој моравме да го добиеме за да имаме шанси за пласман во завршната фаза од Премиер Лигата. Тоа и се случи и остваривме убедлива победа од 3 – 0 со головите на Џејмс Вилсон, Џо Ротвел и Саиди Јанко. Сите голови кои беа постигнати од играчите беа феноменални, тешко би било доколку имаме задача да издвоиме еден. Вилсон покажа уште еднаш дека поседува неверојатен талент и дека заслужено се најде на клупата за резерви на мечот против Њукасл. Дејвид Мојс, Стив Раунд и Фил Невил вчера беа присутни на натпреварот и можеа уште еднаш да се уверат во квалитети на играчот. Саиди Јанко исто така покажа дека е сериозен кандидат за место во првиот тим од следната сезона како замена за Рафаел и десната бековска позиција. На вчерашниот натпревар исто така играше и Џони Еванс кој полека но сигурно ќе може да заигра за првиот тим и најверојатно ќе отпатува во Минхен за утрешниот натпревар против Баерн.

XI: Амос, Варела, МекНер, Еванс (Лав 65′), Џејмс, Пирсон, Екангамен ( Раџ 81′), Јанко, Ротвел, Переира и Вилсон (Раули 81′). (4 – 2 – 3 – 1)

Преостануваат уште три меча до крајот на сезоната од Премиер Лигата, моментално се наоѓаме на 7 – та позиција на табелата но имаме реални шанси да завршиме помеѓу првите четири екипи а тоа се местата кои водат во завршната фаза од натпреварувањето. Со победи на преостанатите мечеви можеме да се искачиме и на втората позиција, да се потсетиме дека ние сме бранители на трофејот.

Во потесниот избор за најдобар играч за оваа сезона од У21 тимот се најдоа левиот бек Рис Џејмс, Саиди Јанко и Чарни Екангамен. Сите тројца играчи подеднакво заслужуваат да ја освојат наградата можеби како фаворит е Јанко кој иако ова му е прва сезона во клубот игра одлично и покажува дека за многу брз период можеби ќе го видиме во првиот тим на Дејвид Мојс.

Следниот натпревар го играме против Тотенхем на Вајт Харт Лејн идниот понеделник.

Коментари

коментари