Џејмс Вилсон на позајмица во Брајтон

Џејмс Вилсон на позајмица во Брајтон

Ангичанецот заминува на позајмица во Чемпионшип каде ќе има шанса да игра првотимски фудбал до крајот на сезоната.

Џејмс Вилсон е нов член на Брајтон каде нашиот напаѓач ќе се обиде да ги покаже своите квалитети кои ќе му овозможат место во тимот на Ван Гал од следната сезона. Англичанецот неодамна потпиша нов долгогодишен договор со Манчестер Јунајтед и се очекува неговата иднина да е на Олд Трафорд.

Денеска истекуваше преодниот рок за позајмици во Чемпионшип и Брајтон ја доби битката за потписот на Вилсон иако цела лига беше заинтересирана за него. Тој ќе игра под палката на Крис Хатон, поранешниот менаџер на Норич кој оваа сезона со Брајтон бележи одлични резултати и ја дели лидерската позиција на табелата со Хал. Вилсон пристигнува во колективот на Хатон како огромно засилување кое се очекува да игра клучна улога во борбата за влез во англиската Премиер Лига. Нашиот 19 годишен напаѓач ќе конкурира за напачката линија со Боби Замора, Томер Хемед и Сем Балдок. Вилсон од сите овие напаѓачи можеби има најмалку искуство, но неговите квалитети преовладуваат како и брзина, техника и завршница.

Со заминувањето на Вилсон дополнително е ослабена нападот на Манчестер Јунајтед, сега остануваме само со Вејн Руни и Антони Марсијал како класични напаѓачи додека од младинскиот погон е вклучен Маркус Рашфорд. Со оваа одлука на Ван Гал се поставува прашањето дали во јануари ќе бидеме активни на трансфер пазарот. Му посакуваме успешна позајмица на Вилсон каде се надеваме дека ќе добие шанса да го покаже својот талент и ќе се врати подготвен за првотимски фудбал на Олд Трафорд.

Коментари

коментари