Де Геа и новите засилувања патуваат во САД на летната турнеја

Де Геа и новите засилувања патуваат во САД на летната турнеја

Ван Гал и неговите избраниците отпатуваа за САД, помеѓу колективот има неколку изненадувања, но и играчи кои недостасуваат.

Денеска Манчестер Јунајтед се засили со Морган Шнајдерлин и Бастијан Швајнштајгер, а тие воедно се и во авионот кој моментално патува во САД заедно со Ван Гал и останатите играчи. Веднаш по официјалните потврди за трансферите пристигна и потврдата за тимот кој патува за Сиетл, во кој има неколку изненадувања.

MUTour 2015

Голмани: Давид Де Геа, Андерс Линдегард и Сем Џонстон.

Дефанзивци: Фил Џонс, Крис Смолинг, Џони Еванс, Тајлер Блекет, Патрик МекНер, Матео Дармијан, Антонио Валенсија и Лук Шо.

Средина: Дели Блинд, Морган Шнајдерлин, Маруан Фелаини, Бастијан Швајнштајгер, Мајкл Керик, Андер Ерера, Шон Гос, Андереас Переира, Хуан Мата, Аднан Јанузај, Ешли Јанг, Џеси Лингард и Мемфис Депај.

Напад: Вејн Руни и Џејмс Вилсон.

Чудно е тоа што Виктор Валдес не е помеѓу тие што патуваат на турнејата со оглед на тоа дека вчера неговиот агент ги отфрли шпекулациите за евентуален трансфер, исто така го нема и Рафаел кој најверојатно не е дел од плановите на Луис ван Гал. Од останатите изостанува Ник Пауел кој најверојатно ќе го напушти клубот, како и Гиљермо Варела кој се врати од позајмица од Реал Мадрид. Всушност појасна слика ќе имаме по вечерашниот натпревар на У21 против Солфорд Сити и првата прес – конференција на Луис ван Гал. Како дел од младите играчи се Џонстон, Гос и Переира. Манчестер Јунајтед го игра првиот натпревар за само неколку дена против Клуб Америка.

Коментари

коментари