Дали смртта на Малколм Глејзер значи крај за Глејзери во Манчестер Јунајтед?

Пред два дена почина првиот човек и сопственик на Манчестер Јунајтед, Малколм Глејзер. По неговата смрт се поставуваат неколку прашања меѓу кои и тоа кој сега ќе го води клубот и ќе има најголем удел во него.

Пред два дена се обелодени дека на 85 годишна возраст почина првиот човек на Манчестер Јунајтед, Малколм Глејзер. Малколм беше главен сопственик на клубот и играше клучна улога во преземањето на клубот пред неколку години. Оттогаш клубот е во долг поради кој навивачите направија неколку кампањи против фамилијата Глејзер поради покачувањето на цените на билетите и минимално потрошениот трансфер буџет во однос на останатите гиганти во светот.

По смртта на Малколм клубот повторно останува во рацете на Глејзери бидејќи акциите на клубот ќе бидат поделени помеѓу шесте деца на Малколм. Досега добро познати ни беа Џоел, Аврам и Брајан Глезер кои се случуваше да гледаат и натпревари на клубот во Манчестер додека останатите три члена најверојатно воопшто и го немаат посетено Манчестер и тие се само една карика во целиот процес. Се работи за Кевин, Едвард и ќерката Дарси Глејзер кои можете да ги погледнете на сликата погоре. Тие исто така имаат удел на акции во клубот како и Џоел, Аврам и Брајан. Околу 90% од акциите се помеѓу шесте деца на Малколм додека останатите 10% се на берзата и секоја компанија има можност да купи дел од акциите. Џоел, Аврам и Брајан се главните луѓе и во рагби тимот Тампа Беј додека останатите немаат голем интерес ни за рагбито како и за фудбалот, за разлика од нив триото составено кое го води Тампа Беј го следи и Манчестер Јунајтед. Ваквиот сплет може да доведе до измени во акциите на клубот и да се решат Кевин, Едвард и Дарси да го продадат својот дел но засега има мал број на шпекулации за такво нешто бидејќи тоа би ги нарушило плановите на фамилијата Глејзер. Нивна цел е да го исплатат долгот на клубот кој моментално изнесува 351.7 милиони фунти а се предвидува дека следната година ќе изнесува 265 милиони фунти. Долгот драстично се намалува од година во година и сигурно ќе биде исплатен но навивачите се бунат поради тоа што пред Глејзери да стигнат клубот воопшто не беше во долг а тие искористија кредит за да го купат клубот и сега го отплаќаат долгот кој пред неколку години изнесуваше над 600 милиони фунти.

Глејзери сакаат да го исплатат целосно долгот и тогаш сè што ќе остане ќе биде профит од спонзори и успеси. Но тие се свесни дека треба да вложат во клубот преку трансфер буџетот за да клубот биде успешен и да се направи успешна транзиција. Се шпекулира дека ова лето Луис ван Гал ќе има трансфер буџет од 150 – 200 милиони фунти. Сега иднината на Глејзери во Манчестер Јунајтед лежи во рацете на Кевин, Едвард и Дарси кои доколку се одлучат да ги продадат своите акции од клубот тоа најверојатно ќе значи нов сопственик на Манчестер Јунајтед. Доколку тоа не се случи клубот останува кај фамилијата Глејзери кои имаат план за неколку години да го исплатат целосно долгот и да продолжат со раководењето на овој гигант.

Коментари

коментари