Дали Најк ќе се успее да се избори со конкуренцијата?

Се вжештува битката за главен спонзор т.е. снабдувач на опрема на Манчестер Јунајтед, Најк и Адидас ќе направат сè да го обезбедат потписот на Црвените Ѓаволи.

Пред неколку месеци најавивме дека Умбро е сериозен кандидат за снабдувач на дресови на клубот но оттогаш многу работи се променија и битката се вжешти при што останаа најсилните. Германскиот производител Адидас има понудено сума од преку 600 милиони фунти за следните 10 години доколку клубот се договори со германската фирма. Со овој договор без разлика на успесите на клубот ќе има прилив од 60 милиони фунти секоја година плус со договорот од Шевролет кој носи 30 милиони фунти тоа се 90 милиони фунти вкупно само од два спонзора. Оваа понуда е сериозна од Германците и тие сакаат со овој договор да се пробијат на американскиот пазар каде главен е Најк. Целта е да ја зголемат продажбата во САД преку Манчестер Јунајтед бидејќи Андер Армор, Вориор и Најк се фирмите со најмногу продадени дресови во САД. Но на понудата на Адидас не остана покус ниту Најк кој ќе реагира и ќе ја израмни а можеби и подобри оваа понуда.

Имено, американскиот реномиран весник Вол Стрит јавува дека Најк е подготвен да понуди преку 600 милиони фунти само да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед и за следните 10 години. Ова се вртоглави суми кои дефинитивно се позитивни за клубот но и за Најк, бидејќи постоечкиот договор важи до 2015 – та година, па доколку тие не го обноват договорот сезоната што следи ќе биде последна како ги гледаме играчите во опремата на Најк. Во игра се сè уште Вориор и Адидас но со новата понуда која ја најавува Најк, според Вол Стрит кој се повикува на свои извори Американците ќе бидат фаворити за обезбедување на потписот на Црвените Ѓаволи.

Разврската за оваа сага се очекува да се случи во следните неколку месеци но по сè изгледа битката ќе се води помеѓу Адидас и Најк. Овие два производители се најсериозни и ги имаат најдобрите понуди а Едвард Вудвард сигурно ќе направи добар избор и ќе ја одбере финансиски најдобрата понуда. Неговата работа на овој комерцијален, спонзорски дел не е спорна но тој треба да се истакне на трансфер пазарот ова лето. Во секој случај очекуваме разврска од оваа сага и се прашуваме дали Најк ќе успее да остане главен спонзор на Манчестер Јунајтед и за следните 10 години.

Коментари

коментари