Безвременската академија на Манчестер Јунајтед

Години и години се во прашање, играчи и играчи. Процес кој нема крај. Една од најдобрите академии во фудбалскиот свет некогаш.

Сите добро знаеме каква академија поседува клубот за кој навиваме и какви се играчи произлегувале од неа. Тоа е еден процес по кој се разликуваме можеби од секој друг противник, не потценувам ниедна академија за младинци во Англија но дефинитивно Јунајтед ја поседува најдобрата. Нашата академија дефинитивно е во врвот во фудбалскиот свет и мислам дека може да се каже дека само неколку клубови можат да се рамнат или да бидат подобри, како Ајакс и Барселона. Тоа го покажува и следнава информација – Манчестер Јунајтед од 1937 година па се досега има барем еден играч во тимот или на клупата од академијта . Тоа е фасцинантен податок кој покажува какви се таленти поминале низ нашата академија, какви се играат и какви допрва ќе играат и времето е пред нив. Тоа е белегот на клубот и можноста на тренерите да го извлечат најдоброто од младите играчи, низ историјата од познатите Базби Бејбс па до новите генерации како Клеверли и Велбек. Порано бил Мет Базби сега е Алекс Фергусон, неверојатната способност да го претворат потенцијалот во класа играч е нешто на што може секој да им завиди. Од Данкан Едвардс и Боби Чарлтон па до Рајан Гигс и новите генерации. Голем удел имаат во тоа како од академијата на Јунајтед произлегувале врвни играчи. Способноста да им дадат шанса на младите играчи и правилно да ги тренираат и воспитуваат. Многу играчи се изјасниле дека Алекс Фергусон бил и повеќе од тренер за некои играчи, тој бил како татко за нив бидејќи тие како млади играчи требале да се справат со целиот притисок кој го носи играњето за Јунајтед.

 

Боби Чарлтон трениран од Базби, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и еден од малкумината кој ја преживеал катастрофалната несреќа на Базби Бејбс зборува за тоа какви се играчи произлегле од нашата академија. Тој со Јунатед освоил 2 лигашки титули, 1 ФА Куп и тогашниот Европски Куп (Лига на шампиони). Со Англија исто бил успешен бидејќи бил предводник за освојување на Светското Првенство во 1960-та година. Тој е сеуште прв стрелец на клубот со 249 постигнати голови. Секогаш е на трибините на Олд Трафорд следејќи го Јунајтед а некогаш и на гостувањата кога ќе му се прикаже прилика. Тоа што бил Чарлтон во тоа време од 1987 година па наваму е Рајан Гигс. Најдобриот играч во историјата на британскиот фудбал. И на 39 години тој е сеуште активен играч и учествува во сите успеси кои ги остварува Манчестер Јунајтед. Тој пред еден месец го продолжи договорот за уште една сезона што значи дека ќе игра за Јунајтед и во неговата 40-та година. Единствен играч кој во секоја сезона во која играл во премиер лигата постигнал барем по еден гол а тоа не е малце со оглед на тоа дека веќе 23 сезони игра за Јунајед. Рекордер по бројот на настапи за клубот и што уште не. Секогаш пример за младите играчи и играч кој може да им пренесе неверојатно искуство. Дел од младата генерација на Јунајтед заедно со браќата Невил, Ники Бат, Бекам и Пол Сколс која била потценета од пола Англија но го покажала својот квалитет со освојување на титулата во 1992. Познатата изјава на Фергусон кога прв пат го забележал Рајан Гигс:

“I remember the first time I saw him. He was 13 and just floated over the ground like a cocker spaniel chasing a piece of silver paper in the wind.”

Има уште голем број на одлични играчи кои произлегле од академијата на Јунајтед како Џорџ Бест кој сите го знаат по неговата препознатлива брзина и умешност и споредбите со Марадона и Пеле. Пол Сколс најдобриот играч од средниот ред во Англија во изминатите 20 години. Гери Невил кој секогаш беше подготвен за борба и нови титули, Дејвид Бекам кој беше еден од предводниците за големи успеси, тука исто може да се набројат и Данкан Едвардс, Брајан Кид, Ноби Стајлс, Ники Бат и уште многу други.

Тоа што сите овие играчи погоре биле секогаш имало кој да ги наследи така ќе биде и за Гигс и за Сколс и беше за Невил и Бекам. Во моменталниот тим на Јунајтед има неколку млади играчи кои веќе прераснуваат во столбови на тимот како Џони Еванс кој од сезона во сезона е се подобар и подобар, браќата Да Силва а посебно Рафаел кој сезонава е најдобриот играч на Јунајтед, Том Клеверли кој станува се подобар и побитен за тимот и Дени Велбек кој со својата борбеност и преданост за тимот покажува колку му значи и на големите дерби мечеви секогаш игра добро.

Ова се моменталните играчи кои од академијата прераснуваат во одлични играчи, кажав неколку пати тоа е процес кој нема крај. Порано биле Данкан Едвардс и Боби Чарлтон па Брајан Кид и Џорџ Бест за да следуваат Рајан Гигс и Сколс и да се заврши оваа низа засега со Еванс, Рафаел, Клеверли и Велбек. Сигурно ќе следат уште нови таленти па да се надеваме дека и тие ќе прераснат во играчи како Бест и Гигс.

Коментари

коментари