Бебе постигна гол за Фереира

Португалецот оваа сезона игра во солидна форма и е еден од клучните играчи на Фереира. Во оваа статија прочитајте и за останатите играчи кои се на позајмица.

Бебе оваа сезона игра редовно во Фереира и е еден од најдобрите играчи на португалскиот тим. Оваа сезона тој постигнува голови за Фереира кои се навистина значајни па така беше и за време на викендот кога Бебе беше стрелец во победа од 3 – 1 над Маритимо.

Португалецот постигна гол во 85 – та минута со што стави точка на натпреварот, имате можност да го погледнете голот на видеото (1.14). Бебе е најдобар стрелец на Фереира оваа сезона со 4 гола во првенството на Португалија.

Оваа победа на Фереира е многу значајна бидејќи сега има ист број на бодови со тимот на Белененшеш кој се наоѓа на 14 – та позиција на табелата која обезбедува опстанок. Фереира е повторно на дното на табелата само поради гол разликата.

Вилфрид Заха оваа недела не настапи за Кардиф и остана на клупата за резерви на мечот против Тотенхем. Оле Гунар Солскер и Кардиф загубија со 1 – 0 и остануваат на 19 – та позицијата на табелата.

Џеси Лингард кој замина на позајмица во Брајтон имаше успешно деби бидејќи изнуди пенал по кој тие постигнаа победоносен гол. Брајтон се наоѓа на 8 – та позиција во Чемпионшип.

Том Лоренс го одигра целиот натпревар за Јеовил на мечот против Ридинг и му беше препишан автогол иако тој вели не бил ни блиску до топката што може да се види по снимката од натпреварот. Мечот заврши 1 – 1 и Јеовил се искачува на претпоследната позиција на табелата во Чемпионшип.

Сем Џонстон повторно се најде меѓу стативите на голот на Донкастер но прими дури пет гола. Според менаџерот на Донкастер Џонстон бил во сосема добра форма и доколку тој не бил на голот на Донкастер поразот ќе бил уште повисок. По овој пораз од Брнмут тимот на Донкастер се наоѓа на 20 – та позиција на табелата во Чемпионшип.

Федерико Македа одигра 59 минути во поразот на Бирмингем против Ипсвич додека Тајлер Блекет остана на клупата за резерви. Том Торп исто така беше на позајмица во Бирмингем но се здоби со потешка повреда на дебито и се врати во Манчестер каде се рехабилитира од повредата. Бирмингем се наоѓа на 17 – та позиција во Чемпионшип.

Вил Кин влезе во игра за КПР во 62 – та минута и одигра солиден натпревар иако можеме да кажеме дека не беше правилно користен од страна на Реднап. Тој играше во нападот со уште еден напаѓач и немаше доволно простор за него. Најдобро игра кога е сам во нападот и се надеваме дека Реднап ќе му даде шанса од првата минута во некој од следните натпреварите. КПР ремизираше со Лидс и ја продолжува лошата серија со што е се подалеку од врвот, моментално на 4 – та позиција на табелата.

Ник Пауел не настапи ни овој викенд за Виган бидејќи сè уште се рехабилитира од повредата на задната ложа. Виган успеа да издвојува победа од 1 – 4 над Нотингем Форест со што се искачија на 6 – та позиција на табелата и се во местата кои водат до плејоф.

Џек Бармби на кого му беше продолжена позајмицата до 25 – ти март постигна гол на мечот против Торквеј. Џек Бармби го постигна првиот гол за Хартлпул а тие победија со 3 – 0 со што се наоѓаат на 9 – то место во четвртата англиска лига.

Првиот гол е дело на Џек Бармби.

Сем Брн одигра 64 минути за Карлајл пред да биде заменет додека Чарни Екангамен остана на клупата за резерви. Карлајл одигра без голови со Брентфорд и се наоѓа на 17 – та позиција во третата англиска лига.

Белгиецот Марник Вермајл продолжува со добрите игри и на мечот против ПЕЦ Цволе имаше една асистенција со која мечот заврши 3 – 3. НЕЦ се наоѓа на претпоследната позиција во Холандија.

Добрите игри за НЕЦ беа причина Вермајл да се најде на списокот играчи за младата репрезентација на Белгија до 21 година. Белгија утре игра меч со Србија.

Андерсон влезе во игра во второто полувреме на мечот со Лацио но не успеа да го спречи поразот на својот тим. Фиорентина се наоѓа во очајна форма и е се подалеку од првите три места на табелата.

Во следните неколку денови има мечеви на репрезентациите и ќе имате можност да прочитате како одиграле нашите играчи вклучувајќи го и Вермајл како и квартетот (Сем Џонстон, Мајкл Кин, Џеси Лингард и Вилфрид Заха) од младата репрезентација на Англија.

Коментари

коментари