Автори

[vc_row][vc_column width=”1/1″][vc_tabs interval=”0″][vc_tab title=”Georgie7″ tab_id=”3358fa44-9a4e-5″][vc_column_text]Легенда на клубот, играч кој ќе остане да се споменува низ историјата како еден од најдобрите синови на Јунајтед кои го носеле црвениот дрес.

Фан на клубот од: 1995 година, љубов на прв поглед. Мојот прв натпревар кој го проследив со вистинско интересирање, од тој момент постои само еден клуб во мојот живот. Чест е да се биде фан на овој Манчестер Јунајтед и само би додал дека нема ништо на светот како тоа да се поддржува овој фудбалски клуб.

Омилен играч: Оле Гунар Солскер, омилен играч уште од почетоците на моето следење на клубот. Благодарен играч кој секогаш ценеше што е дел од овој клуб. Пример за позитивен карактер, скромност и огромно влијание врз младите играчи на клубот. Не е чудо што многу фанови го посакуваат токму Оле како наследник на Сер Алекс.

Омилен момент: Голот на Солскер во финалето ’99, самиот назив кажува сè. 31-годишното чекање на европската слава го прекина токму овој играч. Најмаркантниот гол во неговата кариера, можам само да кажам дека сум среќен што тој меч го проследив, па макар и на ТВ.

Поле на интерес: Историја на клубот, ние како фанови треба да сме горди на историјата која ја има овој клуб. Таа е толку богата и исполнета со уникатни настани и моменти, победи и порази и нивното познавање е есенцијално за тоа што значи да се биде фан на овој клуб. Манчестер Јунајтед не постои од финалето на Ноу Камп, ниту пак од финалето во Москва или пак од освојувањето на 19-та титула. Клубот е формиран во 1878 – та година и колку повеќе знаеме за настаните од минатото толку сме ние побогати како навивачи на Ѓаволите.[/vc_column_text][/vc_tab][vc_tab title=”FlameOfSpirit” tab_id=”e5f2c08f-f7fb-6″][vc_column_text]1. Од кога навиваш за Манчестер Јунајтед?
Од 1999 – та година и тоа сосема случајно како мала седев во дневната и беше пуштено финалето во Барселона. Црвена ми беше омилена боја и се нервирав зошто луѓето со црвени дресови губат. Останатото е историја. Го чекав секој нареден натпревар со нетрпение и ги малтретирав моите да ми ги пуштаат натпреварите на Манчестер на сателитската телевизија кога немаше да има пренос. Како што растев и осозревав сè подобро сфаќав дека да се навива за Манчестер Јунајтед е повозбудливо и поадреналински од банџи џампинг. Сите тие голови во 90+ минута кои ми донеле огромна радост не се забораваат така лесно и затоа можеби пристрасно но тврдам дека нема други навивачи кои се радуваат повеќе на доцни голови од навивачите на Манчестер Јунајтед. Едноставно, упорноста е синоним за клубот.
2. Зошто баш Манчестер Јунајтед?
Сер Алекс Фергусон. Нема човек со поголема пасија, желба, упорност и истрајност од него. Вистински идол на сите навивачи на клубот како и на љубителите на фудбалот. Човекот е ненадминлив.
3. Кој меч ќе го паметиш засекогаш?
Toтенхем – Манчестер Јунајтед 3:5. Како вчера да беше, надвор беше врнежливо а резултатот на полувреме само ја дополни мрачната атмосфера. Но во второто полувреме на Вајт Харт Лејн истрча друг тим и буквално скокав од радост.
4. Омилен играч и зошто баш тој?
Брајан Робсон. Од сите книги, видео записи, сезонски двд-ња и колумни што ми биле на дофат, Брајан Робсон е човекот олицетворение на овој клуб. Влегување во дуел без со жар и без жал за себеси, трчање до самиот крај, никакво предавање без борба. Самиот факт што бил капитен на клубот цели 12 години кажува многу. Captain Marvel како што го нарекуваат навивачите, идол на многу моментални фудбалери. Омилен момент: Одбраната на Едвин ван дер Сар на пеналот на Дарис Васел против Манчестер Сити, со што беше потребен само исходот на лондонското дерби меѓу Арсенал и Челзи за да станеме шампиони по мини суша од три години и по поминат лош период за клубот. Едвин одбрани, Челзи ремизираше со Арсенал 1-1 и трофејот со круната се врати на Олд Трафорд. Дента по дербито шампањското пукна на Керингтон. Поле на интерес Младинската школа на Манчестер Јунајтед. Школата на Манчестер Јунајтед има произведено 98 докажани интернационалци за своите репрезентации и е подлога на клубот кој од 1938 година па се до ден денешен има барем по еден младински играч во стартните 11, што е ненадминлив рекорд. Класата од 1992, Сер Боби Чарлтон, Бест, Гигс, Сколс, браќата Невил, Бекам и многу други да не ги набројувам се доволен доказ која поточно е целта на која постојано работи Манчестер Јунајтед.[/vc_column_text][/vc_tab][vc_tab title=”The Welsh Wizard” tab_id=”1433866602922-2-4″][vc_column_text]Фан на клубот од: 2000 година, се сеќавам на мојот прв меч, тоа беше против Ливерпул за жал загубивме 1 – 0 мислам дека беше Комјунити Шилд. Бев импресиониран од тоа како се бореше тимот и колку шанси создаваше но за жал не реализира ниедна. После неколку дена веќе беше зацементиран Манчестер Јунајтед во моето срце, добив дрес на поклон и го имам сеуште тој дрес. Дејвид Бекам #7, не знам дали некогаш повеќе сум се радувал на некој поклон. Свет момент беше тоа додека го отпакував и ден денес се сеќавам. После тоа се беше околу Манчестер Јунајтед, не бев заинтересиран за други клубови, во моето срце остана место само за еден клуб, Манчестер Јунајтед.

Омилен играч: Немања Видиќ Тешко е да избереш омилен играч кога толку одлични играчи поминале низ клубот. Не можам да кажам дека сум специфично пристрасен кон некој но дефинитивно на еден играч гледам различно. Тоа е Немања Видиќ, според мене еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Јунајтед. Отсекогаш сум бил магепсан кога тој игра во тимот и начинот на кој игра. Карпа дефанзивец, мува на прелетува покрај него, малку повредите во последно време беа проблем но дефинитивно се враќа посилен од било кога. Играч кој срце на терен остава секогаш и голем командант на тимот, не за џабе е капитен.

Омилен момент: Дефинитивно освојување рекордна 19-та титула. Поубав момент искрено не може да се има, таква сезона која не се заборава. Иако во 2008-ма год. освоивме и Лига на шампиони на пенали против Челзи и уште многу други шок мечеви и камбекови и титули но оваа 19-та титула ми е со посебно значење. Победа во мечот против Челзи од 2 – 1 со головите на Парк и Видиќ за одалечување од Челзи и потребен само 1 бод за освојување на титулата. Во последното коло капитенот ја подига рекордната титула со кога го надминуваме Ливерпул. Неверојатно. Поле на интерес: Сер Алекс Фергусон и младинската академија на клубот Манчестер Јунајтед е клуб кој има огромна традиција и историја. По тоа се разликува од сите ривали. Но мене посебно нешто што ми се допаѓа е тоа колку млади играчи успеале во овој клуб. Секогаш во овој клуб се работело со посебна внимателност со младите играчи и затоа огромен број на квалитетни играчи се произлезени од познатата академија. Исто така човекот кој е најдобар во светот и Манчестер Јунајтед е тоа што е заради него. Неверојатна личност која само може да ве инспирира и да ве натера уште повеќе да го засакате клубот. Посебната работа со играчите и да го извади најдоброто од сите играчи без разлика на квалитетот.[/vc_column_text][/vc_tab][/vc_tabs][/vc_column][/vc_row]